Фудбал

Гарначо: Не се оптоварувам дали сум стартер

Гарначо: Не се оптоварувам дали сум стартер

 Напаѓачот на Челзи, Алехандро Гарначо, го коментираше триумфот од 3:1 над Кардиф сити во четвртфиналето на Лига Купот на Англија.

-Кардиф сити е многу силен тим. Не се фокусиравме на тоа во која лига играат. Противникот направи навистина добра работа, но ние сме среќни што стигнавме до полуфиналето. Се обидов да му помогнам на тимот. Педро, останатите играчи и јас го направивме тоа, па затоа сме многу среќни. Како тим, Челзи игра многу добро. Понекогаш треба да започнеш, а понекогаш треба да помогнеш од клупата. Не се оптоварувам со тоа, само се обидувам да му помогнам на тимот. Ќе се обидеме да го добиеме полуфиналето, изјави Гарначо за „Би-би-си“.

Другите двојки за четвртфиналето се:
Арсенал – Кристал Палас
Манчестер сити – Брентфорд
Њукасл – Фулам.

To top