Македонија ЗАДОЦНЕТА „ДОБЛЕСТ“ НА КОЦЕВСКИ: НЕ ДОЧЕКА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка

Свесен дека конечно и неодложно ќе биде разрешен, Коцевски го стори тоа што требаше да го стори пред месеци, кога собранието му изгласа недоверба.  Денеска главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја достави својота оставка до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка

Со задоцнување од повеќе месеци, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако по неговата интерпелација одби да се повлече, денеска ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија.

На 76. седница на Собранието која ќе се одржи денес, на дневен ред беше испланирано да се разгледа предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, но сепак тој си ја поднесе својата оставка пред почетокот на седницата. Свесен дека конечно и неодложно ќе биде разрешен, Коцевски го стори тоа што требаше да го стори пред месеци, кога собранието му изгласа недоверба.

Тој во својата оставка замолува по инта постапка на денешната седница да биде изгласана неговата оставка и прекин на извршување на функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top