Еден од најдобрите кошаркарски тренери на Балканот и во светот, Светислав „Кари“ Пешиќ, беше гостин во Скопје каде имаше панел дискусија и промоција на својата книга „Мојата игра, мојот пат: Животот на тренерот не е бајка“.
На настан организиран од компанијата “Триглав” кој се одржа во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд Мол“, пред околу стотина присутни гости, меѓу нив познати спортисти, поранешни и сегашни, бизнисмени, новинари, љубители на спортот… Пешиќ говореше за својата кариера, за својот живот и за сите работи кои го направиле да биде она што е сега – тренерска икона.
Приказната која мотивира и инспирира, Пешиќ ја раскажа пред присутните, а целиот настан го водеше коментаторот Љубомир Николовски кој беше менаџер на панел-дискусијата.
Пешиќ на овој настан говореше за моментите како играч, ставовите за тренерството, целата филозофија, дисциплината во екипите и репрезентациите, кам-бекот на Србија со Австралија по негатива од 24 поени, како треба да се поставиш како тренер за да бидеш успешен…