Хроника Сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Осум лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Тетово

Во несреќата учествувале две патнички возила.

Осум лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Тетово

Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа која вечерва се случила на патот Гостивар-Тетово, после клучката „Камењање“.

Во несреќата учествувале две патнички возила.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката се случила во 20:05 часот.

-Во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ со австриски регистерски ознаки и автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки. Повредените лица се пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, вели Реџепи.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полицискиот увид.

Најнови вести од Хроника

To top