Хроника

Тешко повреден скопјанец, го удриле со автомобил додека стоел до паркираниот камион

Тешко повреден скопјанец, го удриле со автомобил додека стоел до паркираниот камион

На 12.12.2025 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top