Познати

Мис на Финска остана без круна поради расистички гест

Сара Џафче, годинашната Мис Финска и манекенка од косовско потекло, ќе остане без својата круна поради фотографија која предизвика скандал на социјалните мрежи на која таа изведува гест толкуван како расистички, објавија организаторите на изборот на убавина на прес-конференцијата одржана вчера, пренесува финскиот портал „Јиле“ (Yle)

Фотографијата, објавена на платформата „Јодел“ ја прикажува Џафче како со прстите ги повлекува очите за да изгледаат косо, а веднаш под сликата напиша „јади со кинез“, на фински јазик, што во јавноста беше толкувано како исмејување на луѓето од азиско потекло.

Првично, Џафче тврдеше дека го сторила тоа поради силна главоболка, но организацијата на Мис Финска во средата соопшти дека не прифаќа дискриминација, ниту расизам, а додека пак, вчера упати „искрено извинување“ и изјави дека како резултат на инцидентот, титулата ќе ѝ биде одземена и доделена на Тара Лехтонен, новата Мис на Финска и прва придружничка од изборот одржан во септември.

По донесената одлука од страна на организацијата за Мис на Финска, Џафче се извини на прес-конференцијата и на Инстаграм, изразувајќи жалење за повредените чувства и нагласувајќи дека титулата ѝ е од големо значење.

– Во иднина сакам да покажувам со дела, а не со зборови, каква Мис на Финска сакам да бидам – таа која поврзува, слуша и се однесува со топлина и разбирање, напиша таа.

To top