Македонија соопштение

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата на власт си работи, на Арсовска, СДС, ДУИ и Левица и правеа кворум и беспоговорно гласаа се што предложи Градот

Коалицијата на власт каде сврзна точка е „медот“ СДС, ДУИ и Левица гласаа се што Градот и Арсовска предложи. Гласаа точки кои преку злоупотреба беа прикажани за вонредни, без никакво објаснување за вонредност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Збореа за хаус мајстори, за комунален ред, за паркови, и украсување на градот со знамиња и се тоа на вонредна седница, без да објасни Арсовска каде е вонредноста. Евидентно беше договореното сценарио на коалицијата на власт, а најголемата напнатост и тензија беше кога заменик градоначалникот и „висок комесар“ на Арсовска од ГРОМ Александар Трајановски говореше за епската битка за сервисот на службените возила на Градот Скопје кои неретко ги употребуваат. Кулминацијата беше достигната од нервозата на десната рака на Арсовска, Ирена Витина која предано го собираше кворумот, за што веројатно следува богата награда со позиција во новата купена партија на Арсовска. Ваквото фингирано сценарио, надополнето со точките кои не беа вонредни, беше спроведено со беспоговорната поддршка од координаторката на СДС, Љубица Јанчева и групата клиентелисти од Левица. Ваквата рапсодија говори дека градот Скопје коалицијата на власт го дотера на питачки стап, истакнуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално и тие ќе мора да бидат на купче поразени, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top