Матеја Смолиќ и Јован Пармачки ги заокружуваат подготовките во Кина и имаат прилика да тренираат со најпотенцијалните пинг понг играчи во светски рамки. Ги придружува селекторот Сашко Богатинов за кој ова е уште едно искуство и надградба како професионалец во спортот.
Кампот се одржува во градот Ченгду и трае од 3-ти до 13-ти Декември.

Учеството на светскиот камп е дел од соработката која Пинг понгарската федерација на Македонија ја има и негува со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, а со поддршка на Меѓународната пинг понг федерација.

На домашен терен, во Пехчево до петок младите таленти во возрасните категории до 11 и 13 години тренираат со селекторот Милош Миленковиќ и тренерот Зоран Јованоски. Избрани се 14 таленти од повеќе градови и клубови. Кампот е дел од програмата на Федерацијата за вложување во младите надежи и поддршка на клубовите.