Палачинките се омилен десерт за многумина, без разлика дали ги сакате со крем, џем, јаткасти плодови или шеќер. Добрата вест е дека не мора да се откажувате од нив дури ни за време на пост.
За меки палачинки, важно е смесата да не содржи грутки и тавата да биде многу жешка. Палачинките се печат со минимална количина масло.
Состојки:
2 чаши брашно
2 чаши газирана вода
Подготовка:
-Истурете газирана вода во сад.
-Постепено додадете го просеаното брашно, мешајќи со шпатула.
-Кога смесата ќе стане погуста, матете со миксер за да ги разбиете грутките.
-Кога смесата ќе стане мазна, оставете ја во фрижидер 30 минути.
-Загрејте ја тавата, подмачкајте ја со хартиена крпа натопена во масло и печете ги палачинките од двете страни додека не добијат златно-кафеава боја.
-Повремено подмачкајте ја тавата повторно со масло.
-Наполнете ги готовите палачинки по желба.