Светската ракометна федерација (ИХФ) ќе бира нов претседател на редовните избори во Каиро на 19 декември.
Најавени се промени во светската ракометна централа, а кандидатите се и повеќе од легитимни.
Имено, актуелниот претседателот, Египќанецот Хасан Мустафа, најави нова кандидатура, но ќе има сериозна конкуренција во три противкандидати.
Фаворит е кандидатот од Германија, Герд Буцек, кој во петнаесет точки и со посебна програма и веб страница наречена „Ракометот заслужува поееќе“ ги претстави своите амбиции.
Тој најдетално отиде во програмирањето на идејата и најави дека ќе го стави ракометот во центарот на олимпиското движење, ќе се бори против девијациите во овој спорт, ќе ги подобри условите и ќе ги поддржи националните федерации.
Покрај Мустафа и Буцек свои кандидатури поднесоа и Словенецот Фрањо Бобинец и Тјарк де Ланге од Холандија.