Кошарка

Познато е кога ќе започне новиот мега-проект „НБА Европа“

Познато е кога ќе започне новиот мега-проект „НБА Европа“

Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, изјави дека новото заедничко натпреварување на ФИБА и НБА – познато како проектот „НБА Европа“, би можело да започне веќе во октомври 2027 година.

Според него, потребни се уште одредени формални согласности, но временската рамка е целосно достижна.

Загклис објасни дека ова не би била класична НБА лига пренесена во Европа, туку заеднички проект со јасно дефинирани улоги. НБА би го организирала и брендирала натпреварувањето, додека ФИБА би го интегрирала во постојниот европски кошаркарски систем и би обезбедила усогласување со континенталните правила и традиции.

Целта на новата лига е да донесе свежина во европската кошарка, со модерен формат, поголема атрактивност и поконкурентна структура, при што ќе се почитува просторот за националните првенства и постоечките домашни и меѓународни натпреварувања.

Доколку сите процедури бидат завршени навреме, НБА Европа би можела официјално да дебитира наесен 2027, отворајќи ново поглавје за клупската кошарка на Стариот континент.

To top