Фудбал

Ливерпул минимално го доби дербито со Интер во ЛШ

Ливерпул минимално го доби дербито со Интер во ЛШ

Дерби дуелот од 6.коло во Лигата на шампионите се одигра во Милано, каде Интер го пречека Ливерпул. Натпреварот на „Џузепе Меаца“ заврши со минимална победа на гостите со 0-1 со гол во финишот постигнат од пенал.

И во првиот дел односно 32.минута Конате ја затресе мрежата на домаќините, Но, голот не беше признат, бидејќи претходно еден од гостинските фудбалери играше со рака, па голот беше поништен.

Во самата завршница, голема „глупост“ направи Бастони, кој во сопствениот шеснаесетник го повлече а дресот Вирц. По прегледувањето на ВАР снимката беше досудена најстрога казна, која ја реализира Собослај за водство и победа на Ливерпул со 0-1.

Затоа на останатите натпревари, одиграни во вечерниот термин беше ефикасно.

Најмногу голови беа постигнати на дуелите ПСВ – Атлетико Мадрид и Ројал Униот СЖ – Олимпик Марсеј кои гостите ги добија со 2-3.

Тотенхем пак славеше најубедливо поразувајќи го составот на Славија Прага со 3-0. На минимален триумф се радуваше и Монако против Галатасарај со 1-0, а Аталанта со пресврт го совлада Челзи со 2-1.

Пресврт триумф оствари и Барселона против Ајнтрахт, благодарение на двата гола на Кунде за само три минути.

To top