Останати спортови

Перфектен викенд за Превц во Висла

Перфектен викенд за Превц во Висла

Перфектен викенд за Словенецот Домен Превц. Тој триумфираше на скокалницата во Висла, за Светскиот куп во скијачки скокови, откако беше најдобар и во натпреварувањето во саботата.

Превц дојде во втората победа во полскиот зимски скијачки центар со скокови од 137,0 и 132,0 метри, што му донесе 282,3 поени.

Само 0,9 поени зад Превц со скокови од 130,5 и 129,5 метри второто место го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши, додека Германецот Филип Рајмунд го освои третото место со 276,8 поени (131,5 и 129,0 м).

Превц со денешната победа го презеде и водството во генералниот пласман во Светскиот куп со 470 бодови, 32 повеќе од неговиот второпласиран сонародник Анже Ланишек и 64 повеќе од третопласираниот Кобајаши.

To top