На вчерашните три натпревари од 15.коло од Супер лигата фаворитите Алкалоид и Бутел остварија победи, додека на гостински триумф се израдува Прилеп во дуелот со Пролет. Алкалоид со убедливи 45:25 го совлада Радовиш, а карактеристика на дуелот е тоа што сите играчи се запишаа во листата на стрелците, а младиот голман Ѓорѓи Николовски дуелот го заврши со 17 одбрани.
Бутел беше сигурен во дуелот со МРК Куманово и славеше со 37:29.
Изненадување приреди Прилеп со триумфот на теренот на Пролет со 30:27, а гостите во моментите кога се решаваше натпреварот по 27:27 до крајот на дуелот направија серија од 3-0 за конечен триумф.
Предходно: Вардар – Тиквеш 31:27, Охрид – Еурофарм Пелистер 2 33:20 и Струга – Еурофарм Пелистер 22:42.
Табела: Вардар 30 бодови, Е.Пелистер 26, Охрид 23, Алкалоид 23, Тиквеш 16, Бутел 15, Е.Пелистер 2 14, Прилеп 14, Пролет 11, Струга 4, МРК КУманово 4, Радовиш 0.