Жоан Лапорта, претседателот на Барселона зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата.
Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со Евролигата, но со услов.
„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото да се етаблираат. Се обидуваме да ѝ дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.
Во меѓувреме, НБА не губи време.
„НБА ни нуди средба за да можат да ни дадат повеќе детали за предлогот. Засега, сите овие средби звучат многу ветувачки, но сè уште немаме конкретна понуда“, заклучи Лапорта.