Македонија историски момент

ВИДЕО: Мекици во НП „Шар Планина“ – Забележани мајка рис со малечко, зголемен бројот на единки

ВИДЕО: Мекици во НП „Шар Планина“ – Забележани мајка рис со малечко, зголемен бројот на единки

Вработените во Националниот парк „Шар Планина“ на една од трап-камери забележале мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба.

-Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки!. По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим. А најубавиот дел? Колегата кој ја регистрираше снимката ја доби честа да го даде и името – мајката ја именувавме Сибел, велат од НП „Шар Планина“.

Приновата, вработените решија да ја прослават како што е редот, со мекици.

Facebook / Shar Mountain National Park

Најнови вести од Македонија

To top