Кошаркарите на сениорската репрезентација на Македонија иако забележаа две победи, сепак, забележаа пад на најновата ФИБА-листа.
Меѓу најдобрите десет селекции нема промени. Лидер е САД, следат Германија и Србија, а потоа се Франција, Канада, Австралија, Шпанија, Аргентина, Литванија и Бразил.
Турција скокна од дванаесеттото на единаесеттото место, додека едно место падна Летонија. Македонија во светот се наоѓа на 60-тото место, а нашиот национален тим го прескокна Данска.
Најголем скок имаат Руанда (9 места) и Јамајка (8 места), најголем пад имаат Сенегал (6 места) и Костарика (5 места)