Ракомет

Македонија ја победи Турција на стартот од ЕХФ неделата

Македонија ја победи Турција на стартот од ЕХФ неделата

Женската ракометна репрезентација оствари победа на пријателскиот меч против селекцијата на Турција и славеше со конечен резултат 26-29.

Нашите девојки одиграа одличен натпревар и се прикажаа во одлично светло, па затоа и заслужено се радуваа на крајот.

Турчинките беа цврст ривал, на паузата резултатот гласеше 12-12, но во второто полувреме Македонија одигра подобро и дојде до победата.

Петковска со десет одбрани и Ризоска со единаесет гола беа главни архитекти на нашата победа.

Овој меч се играше во рамки на ЕХФ неделата, а нашите репрезентативки сега ги очекуваат дуели против Словенија и Словачка.

To top