Хроника Граничен премин Табановце

Маж од Полска сакал да внесе печурки-габи со психотропно дејство во Македонија

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Маж од Полска сакал да внесе печурки-габи со психотропно дејство во Македонија

На 04.12.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top