Кошарка НБА

Леброн Џејмс прв пат од 2007 постигна помалку од десет поени

Леброн Џејмс асистираше при победничкиот кош со својата 11 асистенција на натпреварот.

Леброн Џејмс прв пат од 2007 постигна помалку од десет поени

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа синоќа Торонто со 123-120 на гостински терен, а победата ја обезбеди Руи Хачимура, постигнувајќи тројка со звукот на сирената што означи крај на натпреварот.

Леброн Џејмс асистираше при победничкиот кош со својата 11 асистенција на натпреварот.

Џејмс го заврши натпреварот со осум поени со што ја прекина својата серија од 1.297 последователни натпревари со двоцифрен број поени.

Последен пат кога Џејмс не успеа да постигне најмалку 10 поени беше на 5 јануари 2007 година во дуелот против Милвоки.

Остин Ривс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумфот над Торонто со 44 поени, додавајќи 10 асистенции.

За Лејкерс ова беше осма победа во последните девет натпревари.

To top