Република долгорочна цел

Со јапонски грант општина Чучер Сандево добива возило за управување со отпад вредно над 75 илијади евра

Во секторот за животна средина, Јапонија донираше повеќе од 1,5 милиони евра за обезбедување комунални возила, како што се возила за управување со отпад и противпожарни возила, кои придонесуваат за почиста и побезбедна средина низ целата земја, изјави амбасадорката Кавахара.

Со јапонски грант општина Чучер Сандево добива возило за управување со отпад вредно над 75 илијади евра

Амбасадорката на Јапонија во земјава Сецуко Кавахара и градоначалникот на општина Чучер Сандево Зоран Бајовски денеска потпишаа GGP грант договор со кој оваа локална самоуправа ќе добие возило за управување со отпад со вкупна вредност од 75 254 евра.

– Грант програмата за мали проекти за човековата безбедност или ГГП претставува еден од столбовите на соработката меѓу Јапонија и Македонија. Од 1996 година преку ГГП Јапонија поддржа 187 проекти во областите здравство, образование и животна средина. Во рамки на Иницијативата за соработка на Западен Балкан, Јапонија е силно посветена на поддршка на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е неопходно за целосно интегрирање во ЕУ. Во секторот за животна средина, Јапонија донираше повеќе од 1,5 милиони евра за обезбедување комунални возила, како што се возила за управување со отпад и противпожарни возила, кои придонесуваат за почиста и побезбедна средина низ целата земја, изјави амбасадорката Кавахара.

Според јапонската амбасадорка, денес уште еднаш се потврдува континуираната поддршка на народот на Јапонија за поддршка на развојот на Северна Македонија.

Градоначалникот Бајовски во Амабасадата на Јапонија истакна дека како голема рурална општина, една од најголемите во Скопскиот регион, се соочуваат со значајни одговорности во одржување на нивната територија и заштита на животната средина.

– Новото возило ќе му овозможи на нашето Јавно комунално претпријатие да обезбеди редовно и навремено собирање отпад низ целата општина, вклучително и областите што претходно беа тешки за опслужување. Ќе помогне во спречување депонии, намалување на фрлањето отпад и заштита на нашите реки, потоци, шуми и јавни простори. Со зајакнување на нашата комунална инфраструктура го подобруваме квалитетот на животот на жителите, а воедно ги зачувуваме природните пејсажи што го прават Чучер Сандево единствено, рече Бајовски.

Оваа поддрша, како што истакна, не доближува до нашата долгорочна цел да станеме еколошки чиста и добро одржувана општина.

– Ќе продолжиме да работиме на подигање на еколошката свест и обезбедување одговорно управување со отпадот. Ова возила е инвестиција во почиста, побезбедна и поубава иднина за сите, најави Бајовски.

Ова е втор грант договор за 2025 година во рамки на ГГП грант програмата за мали проекти за човековата безбедност во земјава, чија цел е подобрување на основните човекови потреби.

To top