Фудбал Прва македонска фудбалска лига

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел

Викендов на програмата се дуелите меѓу Башкими – Шкендија (сабота 13, часот), Работнички – Силекс (недела, 13 часот) и Шкупи – АП Брера (недела, 13 часот).

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел

Завршното коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде отворено попладнево со натпревари во Скопје и Кавадарци.

Фудбалерите на Тиквеш ја пречекуваат Струга на стадионот во Кавадарци со почеток во 13 часот, а во истиот термин Македонија ЃП во Скопје е домаќин на лидерот Вардар.

Викендов на програмата се дуелите меѓу Башкими – Шкендија (сабота 13, часот), Работнички – Силекс (недела, 13 часот) и Шкупи – АП Брера (недела, 13 часот).

Завршниот натпревар во рамки на 16 прволигашко коло ќе го одиграат Аресими и Пелистер, в понеделник на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 13 часот.

Пред завршното есенско коло, непоразениот Вардар води на табелата со 39 бодови, еден повеќе од второпласираната Струга. (МИА)

To top