Останати спортови

Млад словачки хокеар се бори за живот

Млад словачки хокеар се бори за живот

Словачкиот хокеар Роман Кукмберг Јуниор (20) се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случила во саботата, јавува спортската телевизија ТВ ЈОЈ.

Талентираниот млад играч е во кома во Универзитетската болница во Братислава, каде што медицинскиот тим води трка со времето.

Несреќата се случила на патот помеѓу Кветославов и Шаморин, а болницата потврди дека пациентот бил примен со исклучително сериозни повреди.

Можеме да потврдиме дека пациентот беше примен во критична состојба, со сериозни повреди на главата. Дијагностиката е во тек и лекарите прават сè што е во нивна моќ да му го спасат животот – изјави Ева Клиска, портпаролка на болницата.

To top