Фудбал

р Арсенал потпиша со еквадорските близнаци Кинтеро!

р Арсенал потпиша со еквадорските близнаци Кинтеро!

Арсенал продолжува да мисли на иднината. „Топчиите“ официјално постигнаа договор за ангажман на 16-годишните близнаци Едвин и Холгер Кинтеро од еквадорскиот клуб Индепендиенте дел Вале.

Иако договорот е постигнат сега, навивачите ќе мора да почекаат за да ги видат на „Емирати“.

Близнаците ќе му се приклучат на тимот дури во август 2027 година, откако ќе станат полнолетни.

Доаѓаат од познатата академија на Индепендиенте дел Вале, истата „фабрика“ која ги произведе ѕвездите како Моисес Каиседо (Челси) и Пјеро Инкапие (Баер Леверкузен).

To top