Фудбал

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Пауновиќ имаше успешна кариера како селектор на репрезентацијата на Србија до 20 години, кога на шампионатот во Нов Зеланд го освои првото место. Главна цел на новиот селектор ќе биде репрезентацијата да има стабилност и континуитет.

Новиот селектор веќе на два натпревара ја вршеше функцијата селектор на дуелите со Англија на Вембли (пораз 0:2) и победата над Летонија во Лесковац (2:1), како привремено решение за Драган Стојковиќ, кој поднесе оставка.
To top