Ракомет

Дамјановска: Турнирот во Турција ќе ни биде „ветер во грб“

Дамјановска: Турнирот во Турција ќе ни биде „ветер во грб“

Катерина Дамјановска репрезентативката на Македонија во ракомет која што ја доби наградата за ракометарка на годината, ја најави претстојната ЕХФ недела, во која нашата селекција ќе одигра три контролни натпревари.

„Овој собир е десет дена и е поголем од останатите. Имаме три контролни натпревари и со сите ривали имаме искуство. Овие тренинизи треба да ни дадат мотив, убаво работиме и верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Имаме доволно време и да ги повториме идеите и акциите и во одбрана и во напад. Треба да очекуваме добри резултати. Ова ни се мини-подготовки за квалификациите и верувам дека овој турнир ќе ни биде „ветер во грб“. Верувам во подобри резултати од претходните квалификации.

Меѓународниот турнир во Анкара се игра од четврти до седми декември.

To top