Хроника

Сообраќајка на скопската обиколница, има повредени

Сообраќајка на скопската обиколница, има повредени

Две патнички возила попладнево се судрија на скопската обиколница, помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот се одвива само по лентата за престигнување, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и посочија дека две лица се пренесени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза”.

-Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.

Најнови вести од Хроника

To top