Свет Германија

Мерц: Ризиците од планот за рускиот имот треба да бидат рамномерно поделени меѓу земјите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заложи за тоа дека треба да се дадат јасни уверувања дека ризиците од планираната употреба на замрзнатиот руски имот за поддршка на Украина ќе бидат рамномерно поделени меѓу сите држави на Европската унија.

Во авторски текст објавен во весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Мерц нагласи дека секоја земја треба да преземе „еднаков дел од ризикот во согласност со своите економски капацитети“.

Европската комисија вчера претстави предлог за користење на замрзнатиот руски имот или меѓународно задолжување за да се обезбедат 90 милијарди евра за финансирање на украинските воени и основни државни потреби за време на војната.

Белгија, која го држи најголемиот дел од тој имот, остана воздржана и укажа на повеќе правни нејаснотии.

Мерц порача дека Белгија не може да се потпре само на политички ветувања и дека заслужува правно обврзувачки гаранции, нагласувајќи дека „не би било прифатливо една земја да сноси преголем товар“.

To top