Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент синоќа го избра Андрес Ритер за свој префериран кандидат за нов прв човек на Европското јавно обвинителство.
На тајното гласање во Комитетот, Ритер добил 46 гласа на европратениците, двојно повеќе од останатите тројца кандидати за функцијата јавен обвинител на ЕУ.
Како што соопшти ЕП, Стефано Кастелани на гласањето добил 11 гласа, Емилио Хесус Санчез Улед седум, а Ингрид Машл-Клаузен четири гласа.
Пред гласањето, сите четворица кандидатите ги презентираа своите биографии и програми за работа пред членовите на Комитетот, по што одговараа на нивни прашања.
По одлуката на Комитетот, Европарламентот сега ќе отпочне преговори со Советот на ЕУ за избор на новиот јавен обвинител, кој ќе ја наследи актуелната вршителка на оваа функција Лаура Кодруца Ковеши. Седумгодишниот мандат на Ковеше истекува во октомври 2026 година.