Хроника ОВР Кичево

Тешко повредено мало девојче: Се судрија две возила, па настана пожар

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Тешко повредено мало девојче: Се судрија две возила, па настана пожар

На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.

Од екипа на Територијалната  противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Најнови вести од Хроника

To top