Кошарка

Данило Галинари се повлекува од кошарката на 37 години

Данило Галинари се повлекува од кошарката на 37 години

Поранешниот НБА играч и долгогодишен столб на италијанската репрезентација, Данило Галинари, и официјално ја заврши својата професионална кариера на 37-годишна возраст.

Еден од најпознатите европски кошаркари од својата генерација, Галинари заминува по речиси две децении на највисоко ниво, од кои 16 сезони ги помина во НБА лигата.

Последната сезона од неговата кариера ја помина во Порторико, во дресот на Вакерос де Бајамон.

Таму го освои и првиот шампионски трофеј во домашната лига, заокружувајќи ја кариерата со титула што симболично го заокружува неговиот професионален пат.

 

To top