Фудбал

Ерлинг Халанд со 100 премиерлигашки голови со рекордна брзина

Ерлинг Халанд со 100 премиерлигашки голови со рекордна брзина

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно испиша историја во Премиер лигата. Со гол постигнат против Фулам во вечерва, норвешкиот феномен го достигна магичниот број од 100 постигнати голови и тоа го направи со рекордна брзина, побрзо од кој било друг играч во историјата на натпреварувањето!

Халанд ја затресе мрежата на својот 111-ти натпревар во Премиер лигата, соборувајќи го долгогодишниот рекорд на легендарниот Алан Ширер, кој до својот 100-ти гол стигна по 124 одиграни натпревари во далечната 1995 година.

Халанд е 35-тиот играч кој влегол во елитниот „Клуб 100“, но начинот на кој го направи тоа ја потврдува неговата класа како генерациски талент. За споредба, разликата меѓу него и останатите напаѓачи од светска класа е неверојатна.

To top