Медиумската информативна агенција – МИА демантира дека објавила интервју со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, како што е пренесено на некои социјални мрежи и портали.
Притоа се злоупотребени името на Агенцијата, која е прикажана со видоизменето лого, како и фотографии на МИА.
Наводното интервју за МИА, како што лажно е прикажано, го направиле новинарите Ристо Тасев и Славица Арсова.
