Македонија МТСП

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на министерството.

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на министерството, сооптија од МТСП.

Ваквата иницијатива беше поттикната на претходни средби помеѓу министерката Тренчевска и директорот Марјановиќ каде беше разговарано за начини на кои може да се поддржат децата кои се сместени во згрижувачки семејства и штитениците на Министерството за труд и социјална политика. Тренчевска на средбата истакна дека за неа од особена важност се партнерите со кои се поттикнуваат нови иницијативи и истите се доведуваат до реализација, особено кога се работи за иницијативи кои го допираат квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, истакнуваат од МТСП.

Најнови вести од Македонија

To top