Останати спортови

Пиастри со пол-позиција за спринтот во Катар!

Пиастри со пол-позиција за спринтот во Катар!

Сè е разгорено во трката за титулата во Формула 1, a во пресрет на последните два викенди Ландо Норис има предност од 24 поени во однос на тимскиот колега Оскар Пиастри.

Австралиецот беше во криза, но конечно се „разбуди“ и освои пол-позиција за спринт трката за Големата награда на Катар.

На спринт-квалификациите на „Лусаил“ најбрз беше Пиастри кој во фото-финиш стигна до време 1:20,055 минути, преземајќи го врвот од Џорџ Расел кој беше само за 0,032 секунди побавен.

Од вториот стартен ред ќе тргне лидерот Ландо Норис, зад него сензационално се пласираа Фернандо Алонсо пред Јуки Цунода, а дури шестопласиран беше Макс Верстапен.

Во првите десет ќе тргнат уште Антонели, Саинц, Леклер и Албон. Спринтот во Катар е закажан за в сабота во 15:00 часот, потоа во 19:00 на програмата се квалификациите, а главната трка е в недела во 17:00.

To top