Фудбал Првата фудбалска лига

Силекс и Арсими за старт на 15.коло на ПФЛ

Утре (сабота) се играат два натпревара. Во Битола Пелистер го пречекува тимот на Македонија ЃП, а почетокот е во 12:30 часот, додека 30 минути подоцна стартува натпреварот Брера – Тиквеш.

Силекс и Арсими за старт на 15.коло на ПФЛ

Со натпреварот меѓу Силекс и Арсими што се игра денеска во Кратово стартува 15.коло од Првата фудбалска лига. Почетокот на дуелот е во 13 часот, а тоа ќе биде единствениот дуел закажан за петок.

Утре (сабота) се играат два натпревара. Во Битола Пелистер го пречекува тимот на Македонија ЃП, а почетокот е во 12:30 часот, додека 30 минути подоцна стартува натпреварот Брера – Тиквеш.

Во недела во 12:30 часот е почетокот на дуелот Струга – Башкими, додека од 13 часот на терените на ФФМ се дуелот меѓу Вардар и Шкупи. Пoследниот дуел од оваа рунда се игра в понеделник во Тетово меѓу Шкендија и Работнички.

To top