Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје, повредена и жената која со автомобил удрила во него

Пешак тешко повреден во Скопје, повредена и жената која со автомобил удрила во него

На 26.11.2025 околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Славка Динкова“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Б.П., удрило во пешакот А.Д.(59), двајцата од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top