Македонија „резултати“ на претходната врхушка на сск

ССКМ: Одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата е плод на претходното раководство во сојузот

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата се за дејствија кои се случувале во месец февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори е вовлечен од страна на претходното раководство, непочитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Ѓорѓиевски : „Ова се плодовите на работењето од претходното раководство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата , како и нарушување на угледот на ССКМ ,и една од големиот број на причини за кои е разрешено едногласно претходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените.“

Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајќи ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаниите или нивните пазарни политики.

To top