Останати спортови

Бобан Илиоски ја обнови повредата и го заврши настапот на СП

Бобан Илиоски ја обнови повредата и го заврши настапот на СП

Поранешниот двократен европски и светски првак Бобан Илиоски победи во првата борба на Светското првенство во Абу Даби, ама ја обнови старата повреда.

Илиоски напорно работеше откако пред шест месеци ја скина препоната, се врати во рингот и повторно се бореше. Успеа да победи на планетарниот собир, меѓутоа ја обнови повредата. И покрај тоа ја доби борбата, за потоа да објави дека се повлекува од Светското првенство, а на изненадување на јавноста најави и крај на боречката кариера.

„Ја имав мојата прва борба на Светското првенство. Уште во првата рунда повторно ми се скина препоната, односно истата повреда која ја доживеав пред шест месеци. И покрај тоа, успеав да извојувам победа против хрватскиот противник. Благодарен сум на Господ за сè, нека биде по Божјата волја.

Со ова за мене завршува Светското првенство, но и мојата кариера како борец. Тешко е да се прифати, ама нема бегање од реалноста. Одлуката ја носам во мир, време е да се посветам на тренерската работа и да вложам сè во мојот клуб – да создадам нови шампиони!

Ова не е крај, ова е нов почеток“, напиша Илиоски.

To top