Ракомет

Е.Пелистер поразен од Магдебург

Е.Пелистер поразен од Магдебург

Македонскиот ракометен првак Е Пелистер го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите.

Пелистерци вечерва пред својата публика се совладани од актуелниот европски шампион Магдебург со 26-31.

Германскиот тим од самиот почеток го наметна своето темпо и постојано имаше предност. Во првиот дел, македонскиот шампион само два пати успеа да врзе два гола едно по друго. Тоа резултираше со најголеми +5 за Германците по на одмор заминаа со три гола предност (12-15).

To top