Ракометната федерација на Македонија оваа недела успешно ја реализирана донација на 10 ракометни топки за машките клубови од Првата лига, како и за клубовите од Женската Супер и Првата женска лига, во соработка со International Handball Federation (IHF).
Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да ги поддржува клубовите, создавајќи подобри услови за развој и унапредување на нашиот спорт.
Воедно, пристигна и новиот Gerflor под за потребите на Федерацијата – уште една значајна донација од IHF.