„Да изградиме систем во кој судските сали ќе останат за најтешките случаи, а сите останати спорови ќе се решаваат таму каде што припаѓаат – во преговори, со посредник, со почит и емпатија!
Медијацијата не е само постапка – таа е филозофија. Процес што го поставува човекот во центарот, го заменува конфликтот со дијалог, а недовербата со разбирање“, истакана заменик министерот за правда Ален Деребан.
На денешниот настан „Иднината на медијацијата во Македонија: трендови и предизвици“, истакнав дека имплементацијата на актуелниот Закон за медијација покажа слабости кои мора да ги надминеме, објави Деребан.
„Комората на медијатори мора итно да се рестартира. Потребни ни се силни институции, а не формални тела без капацитет.
Успешната медијација не зависи од еден закон или една институција – туку од заедничка волја.
Министерството за правда, Владата и сите институции на системот се цврст партнер во овој процес. Да ги охрабриме граѓаните, да изберат мир наместо спор, дијалог наместо конфронтација, решение наместо битка“, потенцира Деребан.
⚖️🤝🏻Да изградиме систем во кој судските сали ќе останат за најтешките случаи, а сите останати спорови ќе се решаваат…
Posted by Ален Деребан on Среда, 26 ноември 2025