Храна и Пијалаци

Полнети печурки со сирење

Полнети печурки со сирење

Полнети печурки, не може да бидат побрзо или поедноставно… Одлично предјадење или како убав прилог со секое јадење.

Состојки:

10 големи печурки
220 грама моцарела сирење
1/2 кромид
1 лажица маслиново масло
сецкан магдонос
1 лажичка црвена пиперка
1 лажичка сув зеленчук

Подготовка:

Отстранете ги стеблата од печурките и ситно исецкајте ги. Ситно исецкајте ја половината од кромидот и пржете ги заедно во маслиново масло со сецканите стебла од печурки додека не испари целата течност. Исечете парче моцарела на половина и ситно исечкајте ја едната половина, додека другата половина исечете ја на парчиња. Измешајте ги исецканата моцарела, печурките, кромидот и магдоносот, пиперката и сувиот зеленчук и наполнете ги печурките. Наредете ги парчињата моцарела врз полнетите печурки и печете на 200 степени додека сирењето не порумени.

Добар апетит!!!

To top