Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а во југозападниот дел од земјата се бележат врнежи од слаб дожд, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.