Селекторот на нашата сениорска репрезентација Марјан Илиевски ќе биде со опција помалку во бековската линија за првиот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.
Лекарскиот тим одлучи дека Бобан Стајиќ не е подготвен да помогне двата натпревари.
Станува збор за повреда на левото колено, која Стајиќ се потруди да ја надмине, но одлуката е да не се ризикува.
„И покрај сите настојувања од негова страна да биде со тимот, сепак, нашиот лекарски тим одлучи дека Стајиќ не може да биде максимално подготвен за двата натпревари кои ни следувааат оваа недела. Не сакам ништо да форсираме во таа насока. Потребна му е комплетна рехабилитација. Имаме опција помалку во таа бековска линија, но продолжуваме понатаму“, објасни Илиевски.