Српската одбојкарка Тијана Бошковиќ стана најплатена во овој спорт. Таа од 2015 година настапува за Езачибаши, каде што дојде од Партизан.
Досега Бошковиќ добиваше по 1,4 милиони евра годишно, а новата понуда од Вакифбанк е тешка рамно два милиони по сезона.
Сепак, Србинката му се заблагодари на клубот за високата понуда и одлучи да остане во истата средина.
Поради тоа, овој гест челниците на Езачибаши ја наградија и ѝдадоа плата во висина од 2,5 милиони евра годишно.
Со тоа Бошковиќ ја надмина конкуренцијата и стана најплатена во светот на женската одбојка.