Свет

УНКТАД: Двегодишната војна во Газа предизвика невиден колапс на палестинската економија

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска соопшти дека двете години воени операции и многу ограничувања предизвикале „невиден колапс на економијата“ на палестинските територии.

Во извештајот на УНКТАД се предупредува дека колапсот на палестинската економија се одвива во контекст на долготрајна економска и институционална нестабилност, со тешки општествени и еколошки последици.

– Огромната штета на инфраструктурата, производствените средства и јавните служби поништи децении социо-економски напредок на окупираните палестински територии. Економската криза на тие територии е меѓу десетте најлоши во светот од 1960 година, но ситуацијата во Појасот Газа се издвојува како најтешка економска криза досега забележана, се наведува во извештајот на УНКТАД.

Најнови вести од Свет

To top