Фудбал Лигата на шампионите

Мареска: Против Барселона треба да го најдеме вистинскиот баланс меѓу нападот и одбраната

Челзи ќе биде домаќин на Барселона вечер со почеток во 21 часот. 

Мареска: Против Барселона треба да го најдеме вистинскиот баланс меѓу нападот и одбраната

Главниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, одговараше на прашања пред натпреварот против Барселона во 5. коло од Лигата на шампионите.

-Ова е важна недела. Вечерашниот натпревар против Барселона и неделниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата се важни од различни причини, но треба да го гледаме секој натпревар поединечно. Високата дефанзивна линија на Барселона е важен фактор, но мора да бидеме внимателни и без топката. Тие секогаш создаваат многу шанси и постигнуваат голови. Треба да го најдеме вистинскиот баланс меѓу нападот и одбраната, изјави Мареска, за веб-страницата на УЕФА.

Челзи ќе биде домаќин на Барселона вечер со почеток во 21 часот. (МИА)

To top