Кошарка КФСМ

Илиевски: Сега сме поискусни, но нема да менуваме многу работи

Она што било, тоа ќе го оставиме во минатото. Вратите се отворени за сите кои се на располагање. Оние кои играа летоска го дадоа својот максимум, можеби и над максимумот, изјави Илиевски.

Илиевски: Сега сме поискусни, но нема да менуваме многу работи

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски и неговите асистенти Борче Даскаловски и Мирко Петрески, ги дочекаа кошаркарите на кои ќе смета за она што следува во оваа работна седмица.

– Она што било, тоа ќе го оставиме во минатото. Вратите се отворени за сите кои се на располагање. Оние кои играа летоска го дадоа својот максимум, можеби и над максимумот. Надополнети сме со играчи кои се поискусни, што не значи дека многу работи се менуваат, но значи дека играчите кои имаат „носено“ поинакви мечеви се присутни тука и сигурно ќе бидат од значење, не потценувајќи никого што беше тука за време на летото, бидејќи нивното време доаѓа, изјави Илиевски.

„Црвено-жолтите“ за противниците во првиот кваалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе ги имаат Азербејџан, на 27 ноември, во Скопје, потоа на 30 ноември Ирска во Даблин.

– Не постојат држави кои не играат кошарка. Да не ги кажуваме предвреме нашите очекувања, секој пат ќе биде тоа, да дадеме 100% од себе и да се победат мечевите. Азербејџан, од она што го имаме како информација, е тоа дека го мениуваат странскиот играч. Претходно имаа центар, сега имаат плејмејкер. Се работи за играч кој низ клубовите бил меѓу носителите, па сигурно е дека ќе се промени нивната тактика на терен затоа што имаат носител-играч на друга позиција.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ селекторот Марјан Илиевски ќе има на располагање уште еден натурализиран играч. Освен Џејкоб Вајли, за место во тимот ќе конкурира и играчот на шпанската Валенсија, Омари Мур.

To top