Кошарка

Крис Пол ја завршува кариерата

Крис Пол ја завршува кариерата

Крис Пол по 21 сезона во НБА стави крај на својата блескава играчка кариера. Еден од најдоминантните и најконзистентните плејмејкери во модерната кошарка на социјалните мрежи објави дека оваа сезона ќе биде неговата последна.

„Благодарен сум за ова последното“, напиша Пол, испраќајќи јасна порака дека е време да го спушти завесата на своето поглавје во најсилната лига на светот.

Со своето повлекување, Пол ќе остане запаметен како еден од најдобрите организатори на играта во историјата. Тој ја завршува кариерата како втор најдобар асистент и втор најдобар крадец во НБА, веднаш зад легендарниот Џон Стоктон – подвиг што ја потврдува неговата извонредна конзистентност и кошаркарска интелигенција.

Во текот на двете децении, Пол играше за повеќе клубови – од Њу Орлеанс, преку ЛА Клиперс и Хјустон, до Феникс и Голден Стејт – оставајќи силен печат каде и да се појавеше. Иако никогаш не стигна до шампионски прстен, неговото влијание врз играта е неспорно: девет All-Star избори, место во „Клубот 20.000 поени – 10.000 асистенции“ и репутација на еден од најчистите, најелегантни и најпаметни плејмејкери што играта ги видела.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На 40 години, Пол ја надмина границата која многумина пред него не успеале да ја преминат – да остане релевантен, конкурентен и корисен сè до последниот ден на теренот. Сега, по повеќе од 400 милиони долари заработка и бројни бизнис-проекти во најавa, легендата гледа кон ново поглавје надвор од паркeтот.

Крис Пол си заминува од НБА како вистински мајстор на вештината, лидерство и кошаркарска мудрост. Лигата губи играч со уникатен стил, а навивачите – еден од најпрефинетите плејмејкери на сите времиња.

To top